Фото : Журнал
Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милјарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава. Продолжуваме и со воената соработка, преку учество на заеднички вежби, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски.
Турција цврсто ја поддржува Северна Македонија од осамостојувањето и ќе продолжи со тоа, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.
– Имавме интензивна агенда. Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме интерес да потпишеме Биш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милјарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава. Продолжуваме и со воената соработка, преку учество на заеднички вежби – изјави Фидан по средбата со Муцунски. Северна Македонија има посебно место за мене, нагласи Фидан, и верувам дека отоманското наследство е значаен дел од културното наследство на земјава и ќе продолжиме со соработка во таа област.