Зврлевски повикува на бунт

0
952

Само еден ден откако Зоран Заев се врати од Изреал, од каде што јави дека израелската влада не дала грант во пари на Македонија за набавка на опрема за прислушување, како што тврдеа Мијалков, Јанкуловска и Груевски по објавената 15та бомба, Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, објави соопштение со кое поттикнува и организира бунт на сите обвинители во Македонија.
И самиот веројатно преплашен од тоа дека ќе почне да се разврзува клопчето на инволвираните во криминалот а можеби ќе се разоткријат и оние што ја попречувале правдата, како во случајот со Маѓар Телком, тој ги повикува на бунт и протест обвинителите затоа што лично бил навреден од формирањето на Специјалното јавно обвинителство.
Наспроти договорот на сите политички партии во земјата и едногласната одлука на Собранието за формирање такво обвинителство , тој, како навредена величина, најавува дека наскоро пред Уставниот суд ќе ја оспорувал неговата легитимност.
И оттука се е јасно што прави Груевски за натамошно попречување на правдата. Јасно е и што може да се очекува од него, за да се блокира работата на Специјалното јавно обвинителство и всушност да се оневозможи докажувањто на одговорноста која произлегува од индициите содржани во веќе објавените прислушувани разговори.
Советот за јавно обвинители денес, наспроти одердбите од Законот, го преполови, тимот на Катица Јанева во кој беа предложени обвинители избрани токму од тој исти совет, со образложение дека не и биле потребни толку многу обвинители.
Некои медиуми почнаа да ја шират приказната дека Катица Јанева ќе поднесува извештај пред Државниот јавен обвинител па дури дека и таа може да биде обвинета.
Драган Павловиќ, кој ја нарекува обвинителката измеќар на странците во Македонија, , јавно ја предупредува, како силеџија, да внимава што прави бидејќи таа немало каде да оди по завршувањето на нејзиниот мандат.
А Љубиша Георгиевски од насловната страница на провладиниот неделник Република порачува дека „Преговорите во Пржино се бандитизам„Тоа било „болшевичка идеја која требало да го компромитира победникот на изборите во Македонија„
Бидејќи наводно веќе почнало уривањето на државата ,главниот пропагандист на власта Драган Павловиќ ја повикува ДПМНЕ да го напушти Собранието и да излезе на улица. Да бара веднаш избори, без да чека промена на изборните правила ниту на одлуките на специјалното јавно обвинителство.
Независниот обвинител Зврлевски, кој долго беше скриен во глувчешка дупка, и можевме да го видиме само на ромскиот бал кај Амди Бајрам во друштво со Груевски и Мијалков денес се осилил и порачува дека специјалното јавно обвинителство било политичко, а неговото било независно.
Тимот на Груевски всушност прави се за опозицијата конечно да каже дека се повлекува од договорите макар и на консултации, и некако да бидат прекинати целосно. Но, Договорот од Пржино веќе не е прашање на волја на политичките актери во Македонија. Тоа е проект, подржан од САД и ЕУ, кој, мора да се реализира до последната точка. Сега се ставени во прашање и нивниот углед и нивната моќ. Ако тие дозволат еден Зврлевски под заштита на Груевски вака да си игра со нивната волја и трпение, ако знаат однапред каква одлука би можел да донесе политички диригираниот од Груески Уставен суд , тогаш ризикуваат многу повеќе од тоа Македонија да остане тоталитарно општество уште наредните десет години. Време е Ван Хојте повторно да излезе на протест со слоганот „Зборот е збор„ или да повика засилување.