ЗБОРОТ Е ЗБОР : Заев ја воведе ефтината струја повторно , СЕКОЈ ДЕН ПО 2 ЧАСА ЕФТИНА СТРУЈА А ЗА ВИКЕНД 24 ЧАСА!!!

0
2079

По два часа денска евтина тарифа на струјата, секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот, потоа секој работен ден евтина струја од 22 часот до 7 часот наутро и во неделите 24 часа евтина тарифа на струјата, најави денеска премиерот, Зоран Заев.

Мерката, која се воведува од 1-ви октомври, ќе се овозможи преку заштеди на енергетските компании МЕПСО и ЕЛЕМ, така што ќе се намалат нивните непродуктивни трошоци, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

-Намалувањето на цените на ископините и репроматеријалите и преку домаќинско работење во енергетските компании ќе биде преточено во секое семејство како бенефит. Такви заштеди се веќе направени – рече тој.

ЕВН, додаде, нема да добие субвенции од државата за спроведување на мерката која, посочи, нема да биде временски ограничена до либерализација на енергетскиот пазар како што се очекуваше.

Заев и Кочо Анѓушев одговараат на новинарски прашања :