За човекот кој нема страв од Вистината!

0
651

„Без страв пред вистината“, вака гласи слоганот на германскиот неделен политички магазин „Шпигел“, кој ми е еден од омилените четива. Токму овој слоган денеска во Република Македонија му прилега на Зоран Заев, лидерот на опозицијата. Токму Заев ја поседува храброста да ја обелодени вистината, за да бидејасно во која состојба власта ја доведе државата.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1
Одговорите на многу горливи прашања кои не измачуваат изминатите години а на кои немавме одговор или пак немавме јасни докази да бидеме целосно убедени во одговорите. Денеска веќе не е така. Одговорите се содржани во објавените снимки кои досегаги објави Заев.
Токму во нив се содржани одговорите како на пример; Зошто голем број од граѓаните имаат мизерни плати, зошто голем дел се невработени, зошто умираат дечиња поради негрижа од државните институции, зошто младите се иселуваат,…… зошто се соочуваме со неизвесност, зошто голем дел од граѓаните се ставени во подредена состојба-да зависат од луѓе кои ја злоупотребуваат моќта преку државните институции за да влијаат во бизнис секторот и во скоро сите сфери на општеството.

Таа група луѓе е подредена на една фамилија на чело со Груевски а која ја узурпира државата иги држат граѓаните во покорност. Токму оваа група послушници на фамилијата, последните години се однесува како да се некоја аристократија предодредена да владее а кои според професионалните способностисе заучени а недоучени, ако ги иземеме дипломите како формална мерна единица за образование, затоа што тие, образованието го подразбираат како купување автомобил-даваш пари, добиваш дипмлома и ја паркираш на ѕид во рамка.
Граѓаните од било која национална, верска или друга припадност, треба да му бидеме благодарни на Заев. Некои ќе кажат дека му препишувам на Заевпреголеми епитети. На некои тоа така им изгледа сега, не за долго време и тие кои сеуште се скептици, ќе изразат, ако не јавно тогаш во себе, почит кон Заев, за делото што го прави тој денеска, затоа што Заев и нив и помага за да се ослободат од товарот со кој власта ги натоварила изминатите години. Тие кои упорно ќе и пркосат на вистината, се припадници на тесниот круг извршители на власта.
Снимките ќе направат секоја идна власт да биде одговорна и да има страв од граѓаните
Заев со објавувањето на снимките врши две работи истовремено. Тоа се две клучни работи кои треба да се подвлечат, заокружат. Прво, ја демонтира власта на една фамилија на чело со Груевски која ги узурпирала државните институции за да се богатат на сметка на државата.

Второ, Заев со објавувањето на снимките воедно ги исцртува, обликува, контурите на функционирањето на било која идна власт, затоа што тешко дека некоја идна Влада, кој и да биде на нејзино чело, ќе се осуди да го прави тоа што власта на Груевски го правела изминатите веќе девет години. Се воспоставуваат темелите на демократијата, слободата и принципот на одговорност пред Уставот и законитеод секоја идна власт.
Луѓе како Заев можат да направат големи општествени промени
Големите/револуционерните промени во било кое општество ги предизвикуваат и реализираат личности кои претходно се докажале, зад себе оставиле дела, а воедно се стекнале со економска независност за да можат да се вложат за доброто на општеството. Таквите луѓе ги краси, верниците ќе кажат Бог ги надарил, со храброст, способност, трпеливост, чесност, доследност, истрајност да се посветат на реализација на возвишени цели кои се од интерес за целото општеството, кои ги надминуваат нивните лични и семејни интереси.
Познато е дека Заев е потекнува од имотна фамилија која уште пред 1991 година почнала со свој фамилијарен бизнис.

Заев е успешен на професионален план, политички е успешен градоначалник на Струмица, скоро цели две години лидер на СДСМ, приватно човек кој е во златните години (40), сопруг и родител. Тој можел да биде комотен во овие бурни времиња низ кои поминува државата, да исчекува некој друг да го носи товарот. Но тој го презема ризикот да се бори за вистината да излезе на виделина, или со други зборови, го зема крстот и тргна по макотрпен пат, да ја ширивистината меѓу своите сограѓани, за да ги ослободи од тортурата која власта им ја врши и ги држи во заблуда солаги и манипулации изминатите години.

Ако не ја знаеме вистината, ќе бидеме во заблуда.Ако не ја знаеме вистината, тогаш не може да бидеме слободни луѓе. Ако не ја знаеме вистината ќе бидеме во заблуда и изманипулирани и решенијата за проблемите ќе ги бараме на друго место, наместо таму каде што постојат. Заев со обелоденувањето на вистината ни помога да ни биде јасно дека за нашите проблеми во државата, не се виновни другите етнички заедници во државата-Албанците, Турците, Ромите, Србите и другите, затоа што и тие граѓани ја делат судбината со Македонците.

Не се виновни ниту ЕУ, САД, ниту други држави од меѓународната заедница како што манипулираат, посебно изминатите месеци и години, владините подржувачи. Не се виновни ниту некои странски служби кои Груевски ги спомнува а одбива да го каже името на која држава се тие тајни служби. Туку изворот на проблемите е узурпацијата на државата од тесна група на чело со Груевскиизминатите девет години кои ја доведоа државата пред разнебитување. Проблеми како држава имавме и претходно но беа далеку помали од тие што ги причини Груевски изминатите осум години.
Заев понесе жртва и покажа дека Македонија има капацитет како држава да се бори и решава своите проблеми за да се изгради во демократска држава во која ќе функционираат законите подеднакво за сите, држава која ќе се врати на колосекот на вредностите на западната цивилизација на која и припаѓа според својата историја и култура.
Иднината на Македонија денеска зависи од вистината. Од сите нас граѓаните, кои пред се, се почитуваме себе како разумни луѓе и сакаат да одлучуваат самите за себе, затоа е услов да ја знаеме вистината за Груевски и неговите соработници како се однесувале изминатите осум години затоа што тие ни ја кројат судбината, тие располагаат со нашите пари, смао државниот Буџет тежи 2,7 милијарди евра, плус парите на државните претпријатија, општините и другите државни ресурси и инструменти за присила и принуда, поточно, на злоупотребите на полицијата, судството, испекциите и другите државни служби.
Автор : м-р Митко Јованов
Извор; http://mitkojovanov.net/