Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во наредните два дена во Скопје се закажани три собири во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 59 лица.
За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 59 лица. Собир за утре закажа иницијативата „Студентски пленум“ која се појави неодамна.
Собирот ќе се одржи во 16:30 часот во Градскиот парк, додека за во 16:59 е најавен е 60-минутен молк за жртвите. „Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот на „Студентски пленум“.