Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

ЗА ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА ОВОЈ ОЛИГАРХ ЌЕ БЕКНАТ ЛИ НЕШТО ЗНМ И ССНМ?! МАН НА МЕЧКАТА ОД ПЕШТЕРАТА?! СТОЈМЕНОВ ПАК ГО УРИВА ОНА ШТО ГО ИЗГРАДИ НА ДИВО НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО СКОПЈЕ, НЕ МОЖЕ ДА ГРАДИ ДОДЕКА ИМА СУДСКА ПОСТАПКА

Фирмата „БС Консалтинг“ од викендов продолжи со уривање на она што досега го изгради на диво на локацијта на поранешно „Беко“ во строгиот центар на Скопје. Со багери се уриваат бетонските столбови кои се кренати. Уривањето почна уште лани во септември, но траеше кратко време, по што работите беа стопирани.

„За постојниот објект има издадено одобрение за уривање. Дозвола за градба на нов објект нема издадено и не може да се даде додека се води постапка пред Управен суд, бидејќи инвеститорот во минатато градеше без дозвола за градба“, велат од Општина Центар.

Основното јавно обвинителство лани поднесе обвинение за градењето на диво на хотелот „ТЦЦ Плаза“ против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“. Обвинението беше поднесено две години откако Општина Центар поднесе кривична пријава против градежникот.

Фирмата „БС Консалтинг“ во времето на градоначалникот Андреј Жерновски доби дозвола за доградба и надградба на постојниот објект кој со години работеше како хотел. На почетокот на градежните работи им било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа сопственикот го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба, градителот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. Но и покрај тоа, постојано со прекини се градеше.

Извор : СДК.МК

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ