За срамот и за платените и преплатени без образ преземачи (читај амали) на срамот на вождот

0
1366

Денес ќе се обидам сосем накратко да дадам едно објаснување, за тоа на кој начин да се дефинира состојба на срам од нештата или од срам од самиот себе.

Ова особено е наменето за еден дел од изманипулираното членство во ДПМНЕ, чии постари и поодговорни родители и блиски одамна кренале раце од неа (да се разбереме, но не и од ВМРО) поради начинот на кој што функционира оваа партија под раката и капата на најголемиот непријател на македонскиот народ.

Од кога ќе го прочитате текстот можеби на многумина од Вас ќе им стане појасно зошто вашиот „вожд“, иако мислел дека нема да биде откриен и дека народот нема дознае за сторените злодела од кој треба да се срами, истиот тој неговиот срам беобзирно и безочно Ви го „распоределува“ на вашите плеќи.

Срамот онаков каков што го гледаме денес е чувство кое навидум се создава кај овие луѓе кога мислат или прават нешто неморално, но ретко кај овие луѓе во таквата состојба срамот се трансформира во „каење“. Непокајувањето го брише покажаниот и направениот срам и затоа се полесно, се побесрамно, се подрско и побезобразно продолжува и понатаму. Сите оние кои поддржуваат вакви бессрамници прашање е на ден кога самите ке се покајат.

Морам да признам дека и јас во животот сум направил грешка и кога слепо и налудничаво сум подржувал некого или нешто. И затоа денес се каам и се прашувам зошто тоа ми требаше тоа во животот? Зошто и како очите не ми се отворија порано? Повеќе сум од сигурен дека оние слепи и беспоговорни послушници и одработувачи (помалку платени, платени и преплатени) нема да ги напушти срамот и тие на најнечесен начин (но сигурно) ке го пренесат на нивните поколенија. А тие ниту се криви ниту должни да патат за гревовите на нивните безумни претци Една наша мудра поговорка вели ,,Да бегаш подалеку од оној што од господа не се плаши и кој од лугето не се срами“, А вашиот “вожд„ ни од господа се плаши ниту од луге се срами.

Одамна е без компас човекот. Погледајте и преслушајте ја неговата изјава кога излегува од Кривичен суд и кога вели: „Она што го прават од СЈО е нешто од што ќе се срамат”. Галиба народот и судот треба да срамат, за злото кое тој го правел!. Не туку така отец Пимен говори: ,,Верувањето во натални карти, хороскопи, гледање во гравче, тарот, укажува на тоа дека не веруваме во Господ. Ако сакаме да дознаме нешто повеќе и да измениме нешто од она што Бог го смислил за нас, тоа значи дека сме се откажале од Бога.

Ова е можби и очекувано од еден класичен ноторен манипулатор на кого повеке од сигурно подолго време му тече низ ногавици, но жално е што многу од Вас кои се ставате во улога на превземачи (амали) на неговиот срам. Највероватно сеуште не сте ја разбрале поентата за ,,мртвиот коњ“ спомната на крајот во мојата ФБ статус (http://www.libertas.mk/koga-nepravdata-stanuva-zakon-togas…/) дека сеуште јавате на ,,мртов коњ“ кој ве однел во погрешна насока? Жално и трагично.

П.С Да видиме дали и Ставревски после денешната негова оставка ке остане и понатаму преземач (амал) на туѓиот срам или ке си остане само носач на сопствениот срам!?

Јове Кекеновски, фејсбук статус