ЗА ПРВ ПАТ ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ, СОБОРОТ НА СПЦ ЈА ПРИЗНА МПЦ – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, НЕМА ДА ИМА ЦРКВА НА ВРАНИШКОВСКИ КОЈА ГО НОСЕШЕ ИМЕТО ОА

0
345

Собор на СПЦ денеска одобри канонско единство на СПЦ со македонската православна црква односно со Охридската Архиепископија, дознава српски Блиц.

Тоа според написот значи дека е решен спорот од 1967-ма година кога МПЦ прогласи автокефалност од Српската Црква.

На решавањето на спорот се работело во тајност подолго врема на преговори меѓу двете цркви во Ниш. Претходно беа обновени разговорите меѓу поглаварите на двете цркви, српскиот патријарх Порфирие и Архиепископот г.г. Стефан.

По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и непризнатата МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација, а плодовите од таа комуникација ги понесе денешната одлука, се наведува во објавата на српски Курир.

Со овбој потег се запира расколот меѓу МПЦ и СПЦ и црквата на Вранишковски ќе биде веројатно вградена во МПЦ со давање на одредени манастири, цркви и епархии. Потоа ќе следи постапка за добивање на автокефалност, нормална постапка и пат за сите цркви кои се стекнале со автокефалност од своите мајки цркви низ вековите наназад.

Поела се затвораат отворените прашања меѓу народите на балканот останаа уште проблемот со Косово и проблемот за историјата меѓу Македонија и Бугарија но со помош на САД и ЕУ и тие проблеми ќе се решат и конечно на балканот да завладее вечен мир и прогрес.