ЗА ПРВ ПАТ ВО ГРАД СКОПЈЕ ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ НАСТАВНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

0
502

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска им врачи признанија и награди на најуспешните наставници од средните училишта на Град Скопје

– Со оваа манифестација што за првпат се организира во Град Скопје, сакаме да го валоризираме трудот кој наставните кадри го вложуваат во образованието на младите и нивната иднина. Се гордееме со секој успех и секое достигнување на нашите ученици, а за тие успеси голем придонес имаат наставните кадри, кои се вложуваат да имаме нови генерации кои се квалитетни, емпатични и сигурни во своите знаења  – рече градоначалничката Арсовска на денешното доделување на признанијата и наградите.

Град Скопје, во рамки на своите програмски определби, а со цел афирмација на постигнувањата и успесите на просветните работници од средните училишта на Град Скопје, годинава за првпат ги промовира и валоризацира најуспешните наставни кадри. Наставниците се наградени за нивниот придонес во унапредувањето на наставниот процес, промоцијата на училиштето и остварените врвни резултати во работата. Најуспешните 23 наставници од секое од средните училишта на Град Скопје, беа избрани од наставничките одбори, а во согласност со одредбите од Законот за наставници.