За отворање на границите ќе се одлучува следната недела

0
300
epa08490495 Police officer wearing protective mask checks documents from a passenger at the border crossing Tabanovce near Kumanovo, North Macedonia, 17 June 2020. North Macedonia?s Government has decided to open all border crossings starting on 17 June 2020. Passengers can cross the borders with condition to show a valid negative PCR test and go in 14 day mandatory self-isolation. Foreigners transiting the country for a period of maximum 5 hours can use all border crossings. The number of newly infected COVID-19 patients in the North Macedonia is still more than one hundred per day in last three weeks, which is a big number for the small Balkan country. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Земјите од регионот следната недела се очекува конечно да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, властите на зејите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата.

Се очекува следната недела координатор на нашето Министерство за здравство пред преставниците на другите држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите