ЗА ОВИЕ ГРУЈО И МИЈАЛКОВ СИГУРНО НЕМА ДА ЛЕЖАТ ВО ЌОРКА : 20 ЌОСИЊА ОД КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК НА 27-МИ АПРИЛ ВО СОБРАНИЕ ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ПОМИНАТ ВО ГРАДИНКАТА ЗА ВОЗРАСНИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

0
2003

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлогот за продолжување на мерката притвор и мерката куќен притвор за 29 лица, а во врска со настаните од Собранието на Р.Македонија од 27 април, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителството.

Советот донесе одлука Владо Јовановски, Игор Дуловски, Богдан Илиевски-Бетмен, заедно со Мумир Пепиќ од Агенцијата за разознавање, Оливер Радулов кој работел како агент во УБК, заедно со Сашо Марковски празниците да ги поминат во притвор. И прилепчанецот Јане Ченто ќе остане во притвор, заедно со Душко Лазаров, кој бил дежурен во оперативниот штаб и Елена Доцевска-Божиновска од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието. Меѓу оние кои остануваат зад решетки се и пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Муковски и Сашо Василевски.

Куќен притвор добија пратеникот Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.

Против овие решенија дозволено е право на жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа по приемот на решенијата.