За набавка на нови возила владата на Грујо спичкала 5,3 милиони евра во последните три години!

0
689

За набавка на патнички возила, министерствата и другите институции на централната власт, потрошиле 5,3 милиони евра во последните три години. Вкупно се набавени 323 возила, од кои над две третини од Службата за општи и заеднички работи на Владата и од министерствата, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Нови патнички возила во изминатите три години (2013, 2014 и 2015) купиле 43 државни институции (министерства, јавни претпријатија, агенции и комисии). Сепак, бројот на оние кои го обновиле својот возен парк е поголем бидејќи Службата за општи и заеднички работи на Владата се јавува како групен набавувач на возила за министрите и за директорите на дел од владините институции.

Најмногу возила купило Министерството за внатрешни работи (МВР), а најмногу пари за возила потрошила Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР). Во однос на возилата на МВР станува збор за набавката на 100 возила од марката Chevrolet Spark купени во 2013 година кои чинеа 869 илјади евра. СОЗР, пак, минатата година набавила вкупно 42 возила од кои 41 Volkswagen Passat B8 2.0 TDI кои се земени на т.н. оперативен лизинг и за нив во периодот од 2015-2018 година ќе треба да се платат вкупно околу 1,7 милиони евра. Идентичен број на возила (42) од повеќе модели и класи има купено и Министерството за одбрана, но во вкупна вредност од 540 илјади евра.

Во групата на големи набавувачи на возила се јавува и Министерството за финансии каде во 2013 година се купени 18 возила во вредност од 264 илјади евра. Следно е Министерството за транспорт и врски каде во текот на 2013 и 2015 година се набавени вкупно 17 возила во вредност од 210 илјади евра. Во 2013 година 12 нови возила купила и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кои вкупно чинеле 186 илјади евра. Додека, пак, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во 2014 година купила 10 возила во вредност од 141 илјада евра. Над 100 илјади евра за возила потрошиле уште и Агенцијата за храна и ветеринарство купувајќи 9 возила во вредност од 135 илјади евра, како и Народната банка која набавила 7 возила во вредност од 130 илјада евра.

Целиот текст ОВДЕ