За Лицата со попреченост не е доволен само 3ти декември за да се слушне нивниот глас

0
119
За Лицата со попреченост не е доволен само 3ти декември за да се слушне нивниот глас !!!

Досегашните политички програми на сите политички партии , лицата со посебни потреби биле секогаш дел од глобални, национални, секторски и сл. програми и политики. Креирањето на програма која би се однесувала само на нивната/нашата заедница, сметаме дека би бил револуционерен и исклучиелно квалитетен исчекор на повеќе полиња на секоја власт.

Попреченоста мора да биде прифатена како форма на различност и целосно да се почитува од страна на државата, нејзините органи и целото општество со еден холистички пристап. Лицата со попреченост мора да имаат право на избор, мора да се почитуваат нивните мислења, мора да им се дозволи да се самозастапуваат и сами да одлучуваат. Само на овој начин може да се постигне целосна социјална интеграција и самостојно живеење засновано врз еднаквост.

Парцијалниот пристап, дневно политичкото третирање, како што е на пример и денешниот ден, 3 декември- што стана пракса и дел од секоја политика нема уште долго да се толерира. Ние лицата си попреченост ги живееме нашите права и не се согласуваме на компромиси. Затварање на процесот на кохезија на заедницата е прашање на време.
Фејсбук статус на Бранкица Димитровска.