ЗА ВУЧИЌ НЕМА ПОВЕЌЕ КУПУВАЊЕ ЕВТИНИ РУСКИ СУРОВИНИ И ЗЕМАЊЕ ПАРИ ОД БРИСЕЛ, ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА ИЗБЕРЕ СТРАНА : ЕУ ЈА УЦЕНИ СРБИЈА, ДОКОЛКУ НЕ ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА НЕМА ДА И ДАДАТ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО И ПАРИ

0
586

На денешната седница на Европскиот парламент усвоена е резолуција за проширување на ЕУ со која се препорачува на Европската комисија и земјите членки напредокот на Србија кон ЕУ да биде условен со воведување санкции против Русија и видлив напредок во реформите. Усвоен е и амандман со кој меѓу другото се препорачува преиспитување на претпристапните фондови за Србија и проектите финансирани од нив.

Како што е објавено на веб-страницата на Европскиот парламент, ниту една алтернатива не треба да го замени проширувањето, и треба да се реформира и процесот на одлучување во пристапниот процес и новите членови да се прифатат со квалификувано мнозинство наместо со едногласност. Се додава и дека пристапните преговори со земјите кандидати треба да завршат до 2030 година. Огромно мнозинство пратеници ја поддржаа стратегијата за проширување што ја подготви хрватскиот пратеник Тонино Пицула, во која се споменува и Србија.

Во тој документ на земјите-членки им се препорачува со Србија да се оствари натамошен напредок во преговорите само доколку таа се усклади со санкциите на Европската унија против Русија и постигне видлив напредок во реформите. Исто така, во овој документ, ЕП пишува дека е неопходно да се зајакне конструктивниот ангажман на ЕУ со властите на Србија и Косово за да се постигне сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Како што соопшти ТВ Н1 усвоен е и амандманот поднесен од хрватскиот и португалскиот европратеник Тонино Пицула и Педро Маркес.

Со тој амандман, Србија е повикана систематски да се усклади со рестриктивните мерки на ЕУ и општата политика кон Русија, како и да покаже „напредок во демократијата и владеењето на правото“ и да ги прифати „вредностите и приоритетите на ЕУ“. Исто така, се препорачува да се преиспитаат сите билатерални и ЕУ фондови за Србија, кои се во корист на српската влада. „…а особено проектите во Србија кои се финансираат во рамките на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, со цел да се осигура дека сите расходи во ЕУ се целосно во согласност со стратешките цели и интереси на Европската унија“, се наведува во амандманот.