“На изложбата ,, Климатски промени” од Шветската амбасада во Р.Македонија, во ЛУ Гратски музеј Крива Паланка, беа присутни и претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка, г-ѓа Елена Митевска Давидовска и неколку членки на Унијата на жени.” – ова е напишано вчера на фејсбук фан страната на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка точно во 16:15 часот, каде се поставени и фотографиите од присуството.
И во прв момент тука нема ништо чудно и нелогично. Но она што треба и мора да се потенцира е дека оваа партиска група, на изложбата пристигнала по 12:30 часот кога нивната претседателка имала часови односно и течело работното време, била втора смена.
Кога мажот ти е просветен инспектор и довчерашен и актуелен (од сенка) секретар на Општински Комитет, а ти си вработена во образование како наставник, нашиот народ вели – за тебе нема зима.
Тоа е тоа, додека на едните во текот на работното време не им се дозволува ни 5-минутна пауза за цигара или им се брои колку пати одат во тоалет, другите си терат партиски агенди и никого не фермаат. Има разлика.
И како вели Гордана Јанкулоска: Треба да се знае кој е власт!