♥️ Честит Божиќ, Христос се роди! ☦️
Најдобар начин да го славиме раѓањето на Христа нашиот Спасител е кога споделуваме со оние на кои најмногу им треба, тогаш знаеш дека си направил нешто добро.
Денес, заедно со мојот тим, Хуманитарната организација ,,Свети Спас” и отец Оливер се потрудивме сите да имаат достоен и радосен Божиќ.
✨ За Божиќ, почитувани, секое семејство заслужува богата трпеза, заслужува секој барем за миг и покрај сѐ, и покрај сѐ да знае дека не е сам и дека има таму некој кој мисли и на оние на кои ретко кој помислува.
☦️ На тоа, нѐ учи нашата верба во Бог.
☝️ Додека сум јас тука, ќе го давам максимумот од себе никој да не се почувствува сам.
♥️ Ние се потрудивме денес да усреќиме голем број на семејства за кои судбината можеби не била на нивна страна.
И ова е само капка во океанот од нашата мисија – да работиме на тоа да нема повеќе луѓе кои ќе имаат потреба од помош, туку да овозможиме нормални услови за живот.
️ Денес не го правам ова како градоначалник, туку како човек, како што нѐ учи верата и традицијата – да правиме добро за добро да ни се случува.
Со малку, ќе изнудиме многу насмевки!
Да бидеме луѓе помеѓу луѓето – честит Божиќ на сите! ❤️
Слава на Бога во висините, на земјата мир, а меѓу луѓето добра волја.
Фејсбук срарус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.