- Сепак, ова треба да го гледаме од аспект дали државата и граѓаните добиваат или не. Јас во партиски игри нема да учествувам, но ќе учествувам во сè она што ќе значи поддршка за граѓаните.
Исто како што очекувам да се одважат сите партии што во минатиот состав не го поддржаа законот за платни системи на ЛДП, да се одважат сега и да дадат поддршка.
Ако ние можевме да дадеме поддршка во минатиот состав за одредени политики што беа добри за граѓаните и да искритикуваме нешто што сме сметале дека не е добро, треба сега сите да се одважат и да дадат поддршка за наши предлози.
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова за ,,360 степени”.