Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова денеска изјави дека има причини да се верува дека украинските специјални служби биле вмешани во убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик во Москва.
Захарова рече дека ако истрагата ги потврди трагите за учество на Украина во убиството на Москалик, „тоа уште еднаш ќе ја покаже варварската природа на Киев“, пренесе ТАСС.
Автомобил „фолксваген голф“ експлодирал во Балашиха откако во него била активирана импровизирана експлозивна направа, соопштија претходно денеска руските власти.