ЗАХАРИЕВА СО ИДИОТСКА ИЗЈАВА НА ДЕЦЕНИЈАТА : ВО ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНИЈА Е ДА ОСТАНЕ ВЕТОТО, ДА СЕ НАУЧИ ВИСТИНСКАТА, А НЕ ИЗМИСЛЕНАТА ИСТОРИЈА ШТО ГИ ОДДАЛЕЧУВА ОД БУГАРСТВОТО

0
482

Надворешна комисија не е Народното собрание, тоа е помошно тело на парламентот и одлуките ги носи парламентот, а не неговата комисија за надворешни работи, ја коментира поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева намерата на премиерот Кирил Петков предлогот на француското претседателство за кревање на ветото за Македонија да го препушти на одлучување во Комисијата.

– Кирил Петков влезе во играта на РС Македонија, давајќи и ветувајќи дека ќе направи компромиси кои нема да ги одразуваат интересите на Бугарија. И Бугарија и граѓаните на РС Македонија ќе загубат од избрзаното укинување на ветото. Во нивен интерес е да се реформира Македонија. Во нивен интерес е историјата да ја знаат таква каква што е, а не измислената историја што е создадена за да ги оддалечи од Бугарија и од бугарството – вели Захариева.

Таа додава дека со своите постапки, Петков ги поткопува напорите на Бугарија да ја реформира РС Македонија и се претвора во полномошник на Путин.

– Франција не може да ги гарантира барањата на Бугарија доколку тие не влезат во преговарачката рамка и не бидат одобрени од сите земји-членки на ЕУ – додава пратеничката од ГЕРБ Захариева во интервју за БГНЕС.

Таа вели дека не е јасно премиерот Петков брза да го укине ветото за Македонија.

– Мојот единствен сомнеж е дека Кирил Петков ветил дека ќе го укине ветото до крајот на француското претседателство. Нешто што тој негира, но сите негови постапки зборуваат во спротивна насока, вклучително и оваа одлука која вчера беше усвоена од Советот на министри – рече Захариева.

Таа ја опиша одлуката како прилично чудна конструкција, што укажува дека на премиерот му се брза.

– Сепак, Советот за општи работи е следниот вторник, а Европскиот совет е во четврток и петок (23 и 24 јуни). Не гледам кога и како францускиот предлог ќе помине низ парламентот, како што повеќепати ветија – рече Захариева.

Згора на тоа, додава, досега ниту еден пратеник од опозицијата или од ГЕРБ не е информиран за тоа што власта тврди дека „го постигнала како голем успех“.

Да, вчера од министерката Теодора Генчовска во салата слушнавме резиме за тоа што МНР и дипломатите во него постигнале откако, како што рече, останале сами да го водат овој разговор. Помина околу еден месец. Но, како документ, како текст од Преговарачката рамка, ништо црно-бело не видовме – вели Захариева.