ЗАТОА ШТО МАЗНЕВА НЕ ИМ ГИ ПРОДОЛЖИЛА ДОГОВОРИТЕ, ШТРАЈКУВАЧИТЕ ОД КОМУНАЛНА ХИГИЕНА НОЌЕСКА НЕ ДОЗВОЛИЛЕ ДА СЕ СОБЕРЕ СМЕТОТ

0
586

Вработени трет ден одбиваат да работат со образложение дека Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина работници.

Тензична ноќ имало во просториите на Скопска комунална хигиена. Директорката Косана Мазнева викна и полиција за да ги натера работниците кои штрајкуваат да го соберат сметот од Скопје, објави ТВ 21.

Вработени трет ден одбиваат да работат со образложение дека Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина работници. Мазнева вчера изјави дека оние на кои не им ги продолжува договорите со години се неработници, а дел од нив и воопшто не доаѓале со години на работа, ангажирани со договор преку партиски врски.

Дел од вработените се солидаризираа со оние на кои им престанаа договорите и ги оневозможуваат и другите работници да работат. Така било и синоќа кога работниците од трета смена биле спречени да ја завршат работата, по што диркеторката повикала полиција.

Во Скопје сметот не се собира неколку дена.Градските општини апелираат градот и раководството на Комунална хигиена да изнајдат решение и да го расчистат Скопје од сметот. Вчера со соопштение апелираше општина Центар, а денеска истото го побара и општина Аеродром.