Зарем уште мислат дека лагите ќе им поминат?!

0
1899

Уште ли не им доаѓа памет дека не им проаѓаат лагите и дека некој мора да сноси одговорност во оваа наша банана-република?

Повторно исто. Фатени на дело, со сведоци, со полиција, со сè – тие повторно дрско лажат. Сега, водечката верзија на куририте е дека „осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имале дебели полициски досиеја го нападнале и следеле возилото“ на Диме, па тој морал да бега и да искрши сè пред себе. Се разбира, овие криминални Албанци биле поврзани и со СДСМ. А и полицајците исто така му биле сомнителни, па морал да избега и од нив.

Добро бе, или сите вие шмркате некоја многу чудна дрога, или мислите дека цела Македонија го прави тоа, па ќе ви поверува.

Ако функционерот е нападнат, тогаш зошто безбедносните служби првпат дознават за тоа дури 20 часа подоцна, откако функционерот се отрезнил и ги удостоил да отиде во станица? Ако полицајците на местото на настанот биле сомнителни, зошто ВЕДНАШ не отишол во ПС Карпош да ги пријави нив и криминалните Албанци? И ако веќе морал некој да дојде со возило и да го спаси нашиот храбар министер од сомнителните полицајци, тогаш зошто истите тие луѓе, не ја спасиле и неговата сопатничка, туку ја оставиле на милоста и немилоста на сомнителните џандари и криминалните Албанци?

А за самопријавувањето на возачот во 2 по полноќ и како тоа се вклопува во логичката конструкција на центарот за комуникации на ДПМНЕ и куририте – воопшто не ми се зборува.

А, да, ќе заборавев. Како добога, Диме Спасов знаел уште во колата дека лицата кои го бркаат се „осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имале дебели полициски досиеја“ (блиски до СДСМ)? Во службениот џип има пристап до софтверот за фацијална рекогниција и крим-евиденциите на МВР, па додека бегал им направил брзо утврдување на идентитетот и проверка на нивните досиеја? Или му мафтале со членски книшки од СДСМ и
го пцуеле на албански кога го нападнале?

Можеби затоа се удрил во другите коли. #ИздржиДиме

Фејсбук статус на Павле Богоевски