ЗАПОЧНА ХАРАНГАТА ПРОТИВ ЗАЕВ СО КОЈА ГЕРО И МИЛЧИН РЕШИЛЕ ДА ГИ ДОНЕСАТ МИЦКОВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ НА ВЛАСТ ПА МАЈКА ЈАНА НЕКА Е!

0
2009

И официјално започна очекуваната харанга на Геро преку Владимир Милчин против премиерот Зоран Заев со цел да ги вратат Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ на власт за да може Геро повторно да се гушка со Хипо и да биде дел од тој ПИАР геотрастешки тим на Мицковски иако тоа секако од старт ќе го демантира.

Владата на СДСМ и Зоран Заев имаат највисок степен на транспарентност во историјата на Македонија, значи има секој ден јавни прес конференции и јавни отчети, секој ден еден тон јавни известувања за работата на владата, еден куп позитивни примери кои треба да се следат каде има нула селективност Геро и Милчин одлучија да ја започнат харангата против Заев и тоа секако од лукративни причини, досада и жед за моќ и држење на советодавната палка. Но која би била причината за вакви смешни подбуцнувачки статуси ако не обид за срамежливо фаворизирање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски?!

Статусот на Милчин во кој тврди дека не верува веќе во премиерот Заев е само една отскочна даска за отворање на небулозни јавни критики упатени кон премиерот. Тоа е тоа таа Герова школа без аргументи туку расфрлање со тези, тези и само тези.

Еве го статусот на Владимир Милчин каде ја започнува харангата против Заев со цел да го донесат Мицковски на власт, а како доказ на тоа дека се заортачиле со Геро е ставање и акцент на ПИАР-от и соработниците на Заев за кои Геро фрла камења по Заев откако овој стана премиер :