ЗАПАДОТ ЈА НАГРАДУВА ХРАБРОСТА НА ЗАЕВ ДА ГИ РЕШИ НАЈТЕШКИТЕ ПРАШАЊА ПО ЦЕНА НА ПОЛИТИЧКО САМОУБИСТВО – МУ ПОМАГА ДА СОСТАВИ БРГУ СИЛНА СТАБИЛНА ВЛАДА: САД бара што поскоро да се формира нова влада

0
497

САД се заинтересирани Северна Македонија што е можно поскоро да има нова влада, за да се фокусира на решавање на важни прашања за земјата. Ова е изјава од американската амбасада во Скопје за агенцијата ИНА.

„Со оглед на состојбата со ковид-19, но и со останатите важни прашања со кои се соочува земјата, приоритет е да се постигне договор за нова влада која ќе биде во состојба да одговори на овие проблеми. Од наша гледна точка, како НАТО сојузници, се надеваме дека земјата ќе го искористи позитивниот интензитет стекнат со членството во Алијансата и ќе се движи напред кон членство во ЕУ. Спроведувањето на потребните реформи и решавање на прашањата поврзани со владеењето на правото и корупцијата, вклучително и со културата на неказнивост, ќе биде клучно во овој процес. Најважно е да не се изгуби чекорот“, изјавиле од американската амбасада.