ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СДСМ, ЛУКАРЕВСКА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ : ЗАЕДНО СИТЕ ЌЕ ЈА НАДОМЕСТИМЕ ШТЕТАТА НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА

0
256

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, заедно со претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Бајдевски денеска беше во Старо Нагоричане на местата кои беа зафатени од силниот пожар, како Челопек.

Потресни се сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија и сеуште се соочуваат со огнените јазици.

Лукаревска упати огромна благодарност за пожртвуваноста на пожарникарите, армијата, домашните и странските волонтери, жителите, кои демонстрираа голема храброст, решителност и заедно со кризниот штаб се справуваат со пожарите.

Лукаревска рече дека како носителка на пратеничката листа од оваа Изборна единица на минатите парламентарни избори ќе се заложи за што е можно побрзо санирање на штетите.

„Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Старо Нагоричане и низ целата земја. Солидарната држава и солидарното македонско општество се тука за Вас, сите заеднички ќе ја надоместиме штетата и во Старо Нагоричане но и низ целата земја. Ваквите кризи се лекција дека човечноста, солидарноста, единството се поважни од етничките, верските и политички разлики“ рече Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ.

Помошта од соседните земји и нашите сојузници од ЕУ и НАТО е чин на највисока солидарност која никогаш не смее да се заборави.