ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОЗОСКИ И ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ НА КООРДИНАТИВНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК, СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЖАРИТЕ КОИ ВИРЕАТ КАЈ ПЕШТАНИ, КОКРЕ, КРУШЕВИЦА, МАРИОВО, БОНЧЕ, ДУЊЕ, КАЛЕН И ДРУГИ

0
41

Почитувани сограѓани, како Заменик Градоначалник на општина Прилеп, Ве информирам дека во координација со Претседавачот на општинскиот совет, госпоѓа Ирена Стерјоска Локвенец ги ангажиравме сите расположиви луѓе, возила и материјално технички средства од јавните и приватни претпријатија од општината.

Исто така, во координација со директорот на ЦУК, господин Стојанче Ангелов, побаравме и добивме помош од општините Битола, Кавадарци, Охрид, Штип, Струмица, Ресен, Могила, Новаци, Свети Николе, Радовиш и Кочани.

Се работи за пожар во поширокиот простор на Мариово, посебно во селата Бонче, Дуње, Кален, Пештани, Кокре, Крушевица, каде гори високоструктуирана трева со многу горлив вегетациски материјал (десет и повеќе тони сув горлив материјал на хектар).

Запалена е и борова шума во атарот на селото Бонче. Од раните утрински часови, оперативно се ангажирани и еден хелихоптер од македонската Армија, еден ер трактор од ЦУК, 25 припадници на специјалната полиција, 40 припадници од ЈП Национални шуми, 70 припадници од македонската Армија, локално месно население и сите припадници од ТППЕ Прилеп.

Кризниот штаб континуирано заседава со сите релевантни институции, со цел навремено локализирање на пожарот.

Фејсбук статус на Диме Бозоски, заменик градоначалник на Општина Прилеп.