ЗАЛУТАН КУРШУМ ПОГОДИ ШТИПЈАНЕЦ ВО РАКА ДОДЕКА РАБОТЕЛ НА НИВА

0
79

Залутан куршум од ловџиска пушка вчера заврши во раката на маж од Штип, кој работел во својата нива, во атарот на селото Долни Балван.

„А.М.(33) од селото Чардаклија, Штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка“, соопшти МВР.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид.

Сличен случај е регистриран и во Сарај, кога Ќ.М.(54) пријавил дека пред вратата од неговиот дом пронашол паднато заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.