ЗАКОНИТЕ ЗА АВТОПАТИТЕ ЌЕ СЕ НОСАТ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, РЕЧЕ ГРУБИ

0
508

Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа, рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

-Наместо проектот да чини скоро 1,5 милијарди евра со сегашното домашно законодавство, актуелно, има можност да чини 1,3 милијарди евра со поефикасен систем не само за овој проект на изградба на коридорите 8 и 10 д, туку за сите идни национални стратешки проекти. За да се реализира тоа беа поднесени осум предлог-закони кои опозицијата ги блокира со што стави во заложништво и две години од животот на граѓаните. Замоливме да се доуредат овие закони, а нив не ги бараат ниту „Бехтел“, ниту Енка, ниту двете заедно, туку ги бараме ние како институции, Владата, пратениците, јавните претпријатија и индустријата, за поефикасен систем на градење. Увидувајќи ја очигледната бпокада и заложништвото на законите од опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните, Владата денеска усвои пет предог-закони кои ќе ги достави до пратениците.

Со оглед дека ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8 и со оглед на неговото геостратешко значење, заедно со коридорот 10д, како и поради тоа што долго во јавноста се води дебата, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата за над 150 милиони евра и да не ги загрозуваат националните стратегиски проекти поради политичка агенда, истакна Груби.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека веќе нема време за калкулации кои патишта ни се повеќе потреби, но едно е јасно: или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или ќе останеме обиколница.На прес-конференцијата во Владата се и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, како и заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин.

Присутна е и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.Груби информира дека владината седница почнала со изразување едноминутно молчење за загинатите во двата немили настана во Србија, како и дека сите домашни ресорни министерства известиле за нивните тековни напори да не се случи такво нешто во земјава.