Ги повикувам банките да бидат солидарни со бизнисот и македонската економија и каматната стапка со којашто е земен овој кредит, да ја имаат и тие, да не ја зголемуваат и калкулираат со трошоци, бидејќи и онака премногу трошоци се калкулираат, рече Мицкоски
Состојбата се стабилизира, економијата заживува вели премиерот Христијан Мицкоски посочувајќи дека првите индикатори со промената на власта се изненадувачки позитивни во делот на растот на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата. Според него очекувањата се тоа да продолжи така, потенцирајќи дека во Собранието помина Законот за заем од 500 милиони евра.
„Веќе очекувам втора половина на октомври или првата половина на ноември да биде ставен во функција на македонската економија. Имаше таму антоекономски експерти, поранешни функцинери на СДСМ кои велеа дека тоа било од унгарски фирми, еве набргу ќе дојде тој демант. И македонските компании да можат овој заем од 250 милиони евра да го користат“, изјави премиерот Мицкоски