Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

ЗАЕДНИЧКА ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА НА МВР И ОПШТИНИТЕ КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Центар Горан Герасимовски спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција во сите нејзини појавни облици.
„Од страна на МВР ќе ја разгледаме и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите и други места каде се забележува нарушување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски. Министерот Тошковски подвлече дека координацијата меѓу МВР и локалните самоуправи е добар пример во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРЕГАЗЕНИ ЖЕНА И ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД НА ПЕШАЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА

Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните...

ХОРОР ВО ВОЛКОВО : КИРАЏИЈА ГО УБИЛ ГАЗДАТА, ГО ЗАСТРЕЛАЛ НЕГОВИОТ СИН А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ