Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

Заев: Џафери бесрамно лаже, немало договор за ваков катастрофален закон! Ова е цензура!

„Законското решение со кое се забранува објавување на „бомбите“ е катастрофа, цензура! Како што реагираа некои од граѓаните вчера, ова е непостоечко дури и во најјаките режими“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебата за предлог-програмата наречена „Визијата за Македонија“, јави Мета.

zaev1-540x405

Според него, на преговорите се разговарало и за оваа материја да биде регулирана со закон, од причина што понатаму можно е некој да се обиде да ја злоупотреби приватноста на граѓаните. Но, тоа како што вели Заев, би требало да биде поврзано со законско решение за „свиркачите“, со кое се дава можност секој што има вакви материјали да ги предаде до надлежната институција.

За изјавата на поднесувачот на законот, Талат Џафери, дека Заев ветил согласност за ова решение, лидерот на СДСМ беше категоричен дека координаторот на пратеничката група на ДУИ – лаже.

– Талат Џафери во вчерашната емисија „Топ-тема“ излажа бесрамно, а вие можете да изберете неутрална страна, како амбасадорите кои беа присутни на преговорите, и да прашате која е вистината. Очекувам денеска законот да се повлече и преговорите да продолжат. До 15 октомври треба да донесеме регулатива за медиумите, а до 20 – таканаречена техничка влада. Нашите ставови се дека треба да се прочисти избирачкиот список за граѓаните да можат да му веруваат, секако, и дијаспората да гласа. Треба да се регулираат и донациите за партиите што доаѓаат од приватни и од правни лица. Исто така, донации од медиуми и од фирми блиски ним не треба да има – изјави Заев.

Тој очекува преговорите за изборната регулатива денеска да бидат завршени. Според него, причината поради која власта вчера го објави овој закон е да се избегнат важните прашања и да се купи време.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

СПОРЕД ЦУК ВКУПНО 32 ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ