ЗАЕВ ЈА ПОСТИГНА ЦЕЛТА, ВЕТОТО ПОЧНА ДА СЕ ТОПИ – Каракачанов за интервјуто на Заев: Тоа е мал чекор во вистинската насока!

0
791

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов го оценил интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за БГНЕС како мал чекор напред во вистинската насока, пренесе бугарската новинска агенција „Фокус“.

Тој истакнал дека не сака да верува во декларации и во интервјуа, туку сака да види дека она што е кажано е спроведено на дело.

– На Бугарија сега ѝ се потребни конкретни гаранции, а тие не можат да бидат поддржани само со декларација, туку треба да се склучи писмен договор. Треба да се потпише анекс или нов договор. Тоа е затоа што ние сакаме јасна гаранција како ќе се промени нивниот образовен систем, со точно одредени рокови. Процесот на преговори може да трае и 10 години, но за да започне, потребен ни е патоказ. Треба да биде јасно дека ние можеме да го запреме процесот во било кое време доколку договорот не се почитува – истакнал Каракачанов.