ЗАЕВ ЈА ИЗРАДУВА НАЦИЈАТА: На седницата за пратенички прашања објави бришење на каматите на долгови на граѓаните кон јавните и државни претпријатија: Апелирам Парламентот да ги усвои законите

0
733

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во попладневниот дел од собраниската седница за пратенички прашања, ги повика пратениците, да ги поддржат законските решенија за бришење на каматите на долговите што ги имаат граѓаните кон јавните претпријатија, институции, органи, за што изрази надеж дека во следните денови би можеле да бидат испратени со Парламентот на усвојување.