Thursday, May 15, 2025
15 C
Skopje

Заев треба да продолжи да ја промовира меѓуетничка Македонија и понатаму, за разлика од Груевски кој промовира албанофобија и ја брука Македонија и понатаму!

Македонската нација има потреба од човек кој ќе ги разбира проблемите на етничките заедници, заедно со него да ги решаваат но не и да ги продлабочуваат како што е лошиот пример со премиерот Груевски. Зоран Заев како лидер на најголемата опозициска партија и обединета опозиција има должност да го брани меѓуетничкиот карактер на државата, кога веќе се е срушено од бандата криминална на власт на чело со фамилијата и Груевски.

rubin-kolumni

Мојот став се темели врз мултиетничкиот карактер на државата, Македонија има потенцијал и има волја да го покаже народот сплотен и мултиетнички организиран пред европските и светски организации. Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто при гостувањето во емисијата „Jeta në Kosovë” која се емитува на косовската телевизија РТК1.

Зоран Заев неможе и не треба да даде една изјава од позиција на претседател на опозиција а да даде друга изјава како премиер на државата, токму затоа изјавата околу изучувањето на јазикот која ја изјави за РТК1 треба да се цени бидејќи тоа е искрена изјава со јасно видливи намери за иднината на државата а не заткулисни и намери скриени под тепих како оние на премиерот Груевски во снимките каде албанците се нарекуваат со “шиптари” , тоа дека се племе и индијанци како и повикот за расчистување со албанците со војна од страна на Протуѓер. Исто така кај политичарите во Македонија досега не е да имаат до овој степен искрени одговори за вака чувствителни прашања за нацијата и мултиетничкиот карактер на државата па затоа и логично е одреден кус период да има реакции по тоа.

Заев мора да даде искрена шанса за нов почеток на сите, кога веќе се е урнисано од владејачката албанофобска гарнитура која сака војна во Македонија. Албанскиот јазик треба да е опција во процесот на учење и секое дете да може да го избере по негова волја, и тоа посебно во мешаните средини во Македонија. Децата кои живеат тука во Македонија кои се од албанска, турска и друга националност е убаво да ја знаат традицијата на македонецот и обратно, македонските деца да ја знаат и другата традиција на другите етнички заедници, сепак е ова мултиетничка Македонија, наша држава, не на Груевски, Мијалков и Протуѓер, бандата која сака да се лее крв помеѓу етничките заедници.

Така е и опцијата со јазикот, така што токму сега е вистинскиот момент да направиме граѓанска перспективна земја со добра иднина за сите подеднакво, затоа што само така ќе си ја спасиме и сочуваме државата но и нацијата, за подобро утре, за перспективна и европска, мултиетничка и економски стабилна држава.

Рубин Иваноски – главен и одговорен уредник на порталот Народен Глас

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ