ЗАЕВ СО ПОФАЛБИ КОН ПЕНДАРОВСКИ : НЕ МИ СМЕТААТ НЕГОВИТЕ КРИТИКИ, МИСЛАМ ДЕКА СЕ ДОБРОНАМЕРНИ ДА КОРЕГИРАМЕ КАДЕ РАБОТИТЕ НЕ СЕ ДОБРИ, ТОЈ НАВИСТИНА ОДЛИЧНО ЈА ВРШИ ФУНКЦИЈАТА И НАВИСТИНА Е КОРЕКТИВ

0
289

„Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа, ставови и соопштенија на претседателот. Претседателот е претседател и секако неговата функција, меѓудругото, е да биде коректив.

Почитуваниот претседател Пендаровски беше советник за НАТО во мојот кабинет и денеска е претседател на сите граѓани и тоа што тој го соопштува јас секогаш го чувствувам најдобронамерно за да отстраниме одредени слабости, да учиме од одредени недостатоци во минатото, да се усовршуваме и подобруваме.

Од неговиот избор наваму тој е претседател на сите граѓани, тоа е некаде повеќе од две години. Навистина одлично ја врши функцијата и навистина е коректив. На нас политичарите нема да ни падне капата од главата ако некој дури и од своите редови, некој кој бил поддржан од нас, ни испрати некоја критика.

Треба да учиме од критиката, да се поправаме за да бидеме подобри во периодот што е пред нас“, рече Заев.