Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод Христовото Воскренесие – Велигден упати честитка до поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, до Светиот Синод, до православните верници и граѓаните кои го празнуваат овој голем христијански празник.
„Упатувам искрена честитка, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до сите граѓани во Република Македонија кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден.
Светлината на Христовото Воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот.
Ова е период кога можеби повеќе од кога било сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани и како држава – да покажеме храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја ослободуваат душата и обезедуваат спокоен живот.
Бидејки во светите празнични денови, посилно од вообичаено сме посветени на значењето на духовните вредности, се надевам дека годинешното чествување на Велигден ќе ја засили вербата и определеноста како индивидуи, но и како општествена заедница, да ги исполниме и негуваме овие свети универзални должности.
На сите кои го чествуваат Велигден пожелувам среќни празнични денови, во добро здравје и духовен мир“ се вели во честитката на претседателот на СДСМ Зоран Заев.