Monday, June 16, 2025
25.8 C
Skopje

Заев : Со новите бомби Груевски ќе си замине од политиката

sdsm12

Со објавувањето на следните, посериозни бомби, Груевски ќе ѝ каже збогум на политиката. изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев за  телевизијата Н1, ексклузивен информативен партнер на светската телевизиска мрежа CNN. Заев смета дека новите докази ќе ги уништат сите обиди на Груевски да остане на власт по секоја цена.

-Оставки се неизбежни. Преодна влада е неизбежна. Од тоа бегање нема. По се што имаме уште да објавиме, обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат, рече претседателот на СДСМ.

Тој за телевизијата Н1 ја објасни вмешаноста на премиерот Груевски, преку оф-шор компании, во зделките за парцелите на Водно. Според Заев,  на штета на Скопјани, зелените појаси се заменети со градежни парцели, за што по директна нарачка на Груевски се менувале  урбанистичките планови. Со промената на намената на парцелите со вкупна површина од 14.000 м2, нивната вредност денеска стигнала до, како што рече Заев, неверојатни 17 милиони евера .

ОВАА НЕДЕЛА

КИРКОВ: ХОРОРОТ ВО СКОПЈЕ ЗОО И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА

Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред некој...

ВЛАДА: 1570 СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Почитувани, Со конкретни мерки и идеи вложуваме во подобрување на...

МИЛОШОСКИ: ИК НА ВМРО-ДПМНЕ УТВРДИ УШТЕ 8 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Прес-конференција на Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ