ЗАЕВ СО НЕГОВАТА ФОНДАЦИЈА ДОНИРАА ШЕСТ МОТОРЦИКЛИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МВР

0
460

Фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев денеска во Министерството за внатрешни работи предаде шест мотоцикли за потребите на македонската полиција.

 

Донацијата ја прими министерот Оливер Спасовски и во свое и во име на МВР, изрази благодарност до Фондацијата Заев за оваа општествена одговорност.

 

 

Воедно, Спасовски потенцираше дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.