Заев : Снимките за Смиљковско, Младенов, и името ќе се објават пред протестите во Мај

0
550

zaev 111

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната пресконференција рече дека материјалите за Смилковско Езеро, за Никола Младенов, за Мартин Нешовски и за името ќе бидат објавени во мај пред големиот протест во Скопје, за кој се уште не е утврден точниот датум.

-Овде е случајот со Смилковско Езеро, овде е Никола Младенов, што тоа се случило, вистината за таа работа, овде е Мартин Нешковски, што се случило на тој 6 јуни 2011 година, сабајлето по победата на ВМРО-ДПМНЕ, овде е и името… Вистината ќе ја споделиме со граѓаните и ќе се случат протести, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

За протестот кој ќе се одржи во мај, Заев рече дека тоа ќе бил досега невиден протест на граѓаните на Македонија. За точниот датум ќе се одлучело заедно со граѓаните. Најави дека нема да си одат се додека не падне власта.

– Гневот расте. Гневот ќе се истури по улиците во главниот град. Но, тоа нема да биде обичен протест, да дојдеме, да си го кажеме своето и да си одиме. Овојпат, нема да си одиме додека оваа власт не си замине, изјави лидерот на опозицијата.