ЗАЕВ СИ ГО ОТВОРИ СРЦЕТО: БЕВ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО МАТЕМАТИКА, КАКО МЛАД ДО БЕЛГРАД ПАТУВАВ ВО КАМИОН ЛЕГНАТ ВРЗ ЛУБЕНИЦИ, НА СИН МИ ЌЕ МУ СОВЕТУВАМ ДА НЕ СЕ ЖЕНИ МЛАД КАКО МЕНЕ, ЗБОКТИСАНО МИ Е ОД ПОЛИТИКА!

0
735

Иако никогаш не ни сонував дека ќе бидам премиер на мојата земја и тоа ми е голема чест и гордост, сепак ми е згадено од политика и едвај чекам да се вратам во бизнисот.

На синот ќе му препорачам да не се жени млад како мене, нека ужива малце во животот па после.

Ќерка ми не ме послуша дека медицина не е за девојки тоа е многу тешка професија. Но таа не само што не ме послуша туку избега во Софија што подалеку од мак политиката.

Никогаш нема да ги заборавам 10 часовните возења во камион до Белград качен врз лубеници, нити можеш да седиш нити да легнеш, тоа беше мачење невидено, но мотивацијата беа парите, за едно лето на пазарите во Србија се заработуваше колку за една куќа во Струмица.

Како мал бев државен првак во математика и ја застапував земјата на натпревари во Белград, но моите не ми дадоа да студирам математика или информатика, мораше економија за да работам во семејните фирми.

Како млад без заљубен во една Јелена од Србија но немаше мобилни нити фиксни телефони па тешко се одржуваше врската на толкава дистанца, па се оженив со мојата Зорица која ми беше школска.

Кога ќе почнат да ми даваат разни лекции жена ми и мајка ми, се качувам на мотор и ме нема цел ден си се возам со другари по цела држава.

Линк до интервјуто на српски Курир, ОВДЕ