ЗАЕВ : СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ГОРД ПОЛИТИЧАР – ПАТРИОТ!

0
291

Наспроти изјавата неколку дена по изборот за претседател на СДСМ во 2013 година дека на неговата партија не ѝ прилега патриотизмот, седум години подоцна Зоран Заев себеси се гледа како – патриот.

„Се чувствувам како горд политичар – патриот кој си ја сака својата убава земја и кој направи сè за да ѝ обезбеди сигурна иднина. Тоа е од корист за сегашните и за идните генерации. Како Македонец, посебно се гордеам што успеавме еднаш засекогаш да го обезбедиме својот македонски идентитет, македонскиот јазик, така што никој да не го оспорува. Горди сме што само за две и пол години од ‘заробена држава’ успеавме да станеме ‘блескав пример’ во регионот. Сметам и верувам дека мнозинството граѓани го делат моето мислење, а тоа е дека конечно успеавме да изградиме држава која ја обезбеди својата сигурна иднина, држава која функционира како едно општество за сите“, изјави експремиерот во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, одговарајќи на прашањето дали се чувствува како херој или како предавник.