Thursday, April 17, 2025
21.8 C
Skopje

Заев се сретна со францускиот амбасадор Тимоние: Граѓаните ќе добијат нова и одговорна Влада како што одлучија на изборите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадарот на Р.Франција во Р.Македонија, Кристијан Тимоние.

На средбата е изразена заедничка согласност дека Република Македонија е исправена пред вистинска шанса да зачекори кон светла и стабилна евро-атлантска иднина во интерес на граѓаните доколку продолжат демократските процеси во државата.

-Мнозинството граѓани побараа промени на изборите. Околу 612.000 граѓани со пенкало и глас се спротивставија на режимот и избраа демократски развој на Македонија. Победи концептот на заедништво зад којшто застанавме, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. Сега е важно волјата на граѓаните да се преточи во институциите, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев го истакна значењето на потребните реформски процеси во државата што не може да ги спроведат Никола Груевски и неговите соработници кои ги создадоа проблемите изминатите 10 години.

-Нашите очекувања се дека граѓаните ќе добијат нова и одговорна Влада како што одлучија на изборите. Новата Влада на граѓаните ќе биде посветена на реформските приоритети од извештите на Прибе и на Европската комисија, затоа што граѓаните на Македонија цврсто се определени кон европските вредности. Промените во Македонија се почнати, сега е потребно да се продолжи по вистинскиот пат, за достоинствен и квалитетен живот за сите граѓани во Република Македонија, едно праведно и правично општетство на еднакви граѓани, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека поддршката што пријателска Франција и другите земји поддржувачи на Македонија несебично ја даваат на нашата држава е важна за натамошниот напредок на земјата.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ