Заев се пофали на Фејсбук: Медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Северна Македонија

0
872

Зоран Заев, премиерот на Македонија, на својот профил на Фејсбук информира дека најмалку пет пати бил интервјуиран откако од во Атина, предводејќи ја владината делегација на Конференцијата на „Економист“.

-Претставниците на медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Северна Македонија и за постизборниот период, за време на дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња. Во интервјуата за електронското издание на Си-еН-еН, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз, како и за други медиуми, истакнав дека граѓаните во Северна Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми, но кои се добри и од огромно значење за подобра иднина на земјата и граѓаните, напиша Заев.

Претседателот на Владата додава дека бизнис заедницата на Конференцијата на „Економист“ покажала голем интерес за Македонија со свои иницијативи и намери за инвестирање. Според Заев, интерес искажале и мошне големи компании и дека денеска ќе разговара со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за поширока соработка за, како што вели, подобра и попросперитетна иднина за граѓаните од нашите две земји.