ЗАЕВ СЕ ЗАКАНИ ДО МЕЃУНАРОДНАТА : Чекам покана од Меркел, ако нема датум, во игра се повеќе варијанти – и предвремени избори

0
447

Во моментов приоритет на Владата е да ги изгради своите позиции како да настапи во правец на добивање Датум за преговори од ЕУ по 15 години чекање, истакна денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го прашањето дали е дефинирана целосно реконструкцијата што се очекува кај министерскиот состав и кај директорите.

– Испочаравме сто отсто, ние сме пример, ги разбирам регионалните проекти, но моја примарна цел е да се грижам за граѓаните на земјава. Реконструкцијата е поприлично подготвена во однос на директорски и министерски места. Ако имаме извесност дека оваа лето, односно овој или наредниот месец добиеме датум за преговори, продолжуваме со реконструкција, доколку не, сите опции се можни, предвремени избори, комплетно нова влада, преземање на одговорности – рече Заев.

–  Овие денови речиси секој час добиваме нови информации. Очекувам потврда за средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Следната недела ќе бидам во Берлин за нашата економска агенда. Во зависност од сите информации што ги добиваме така и ќе постапуваме во делот на промените што треба да се случат во извршната власт – изјави Заев.

Премиерот вчера од Брисел  порача дека недобивањето датум за почеток на преговори ќе доведе до паѓање на  владата и можност за поголема политичка нестабилност.