Заев : Сета вистина ќе исплива на виделина

0
518

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска повторно беше на распит во Обвинителството. Тој даде исказ за обвинувањата за корупција, односно дека побарал 200 илјади евра мито од струмички бизнисмен. Заев изјави дека ова е само предмет во кој нема пари и предмет кој го пријавил кога почувствувал дека некој го мести.

zaev-obvinitelstvo24f-1-640x320

Тој порача дека не е адвокат, но знае оти процес во кој нема пари никаде во Македонија досега не се водел. Според него, ќе дојде време кога вистината и се ќе исплива на виделина, меѓу другото и за процесот против него. Тој не очекува дека ќе има нови докази за овој или другиот предмет.