ЗАЕВ РАСПАЛИ: Нема живот ако нема правда и казни – јас не сум Груевски, СДСМ не е ВМРО!

0
1031

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев  вечерва учествуваше на првата од серијата граѓански трибини што се одржа во Центарот за култура Иљо Антевски Смок во Тетово на тема „Заедно едно општество за сите“.

Во обраќањето пред присутните Заев посочи дека трите концепти за унапредување на состојбите во Македонија, се „Едно  општество за сите“, пријателство со соседите, но и со другите земји во регионот Европа и во светот, што како конечна цел има подобрување за состојбите во економијата.

Осврнувајќи се на актуелните состојби и прашања во државата тој зборуваше и за дилемите кои се јавуваат кај граѓаните во последно време дали ќе има правда, бидејќи, како што рече, и тој ги слушнал информациите дека Заев се договорил со Груевски да нема пресуди и казни.

– Нема живот во Македонија ако нема правда и казни, бидејќи јас не сум Никола Груевски и СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ. Ако нема казни како јас ќе знам дека и луѓето што сега се во извршната власт нема да го прават истото што го правеа претходно. Секој што се огрешил и за кого ќе има докази во транспарентна и отворена судска постапка мора да сноси одговорност и законот да биде еднаков за сите. Правда мора да има. Согласно доказите очекувам пресуди и казни за она што некој го правел на Македонија во изминатите години – рече Заев.

Во однос на економијата Заев најави повеќе инвестиции како што е 270 милиони евра за 800 километри патишта низ Македонија, 900 милиони евра за градење на пругата кон Бугарија и 530 милиони евра од Кичево кон Албанија.

Од Буџетот се определени 35 милиони евра за водовод и канализации, а со заштедата од укинување на непродуктивните трошоци дополнителни 25 милиони евра за водовод и канализации, 125 милони евра за проекти за заштита на животната средина, 40 милиони евра европски пари за пречистителни станици и депонии, 60 милиони евра за локални патишта.

Тој најави и некоку големи странски инвестиции како капитални проекти што треба да се случат до крајот на овој месец,Скопскиот саем со 200 милиони евра и инвестиција на турската фирма Лиман исто ткаа од 200 милиони евра во Скопје.

Завршување на хидроцентралите Чебрен и Галиште до крај на годината со вредност од 220 милиони евра, завршување на гасоводниот прстен до 2020 година, вреден околу милијарда евра со што, како што најави, предвидената просечна плата од 500 евра наместо  на крајот од овој мандат може да биде достигната до 2019 година.

Претходно, Заев учествуваше на свечнето отворање на гимназијадата на Градскиот плоштад во Тетово заедно со претседателот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалничката на  Тетово Теута Арифи. На гимназијадата учествуваа над 700 средношколци од сите градови во државата.