Заев : Предвремени ќе има до крајот на октомври 2020 година, тоа е 45 дена пред редовните избори

0
1192

Предвремени избори ќе има до крајот на октомври 2020 година, тоа е 45 дена пред редовните избори, а тоа е интенцијата затоа што за нас секој ден, секоја недела, секој месец е важен како и придобивките од она што значи во економијата растот, новите работни места импактот од Европската унија и НАТО и надежта дека конечните одлуки за стратешките цели на нашата држава ќе бидат исполнети.

Оваа кампања која што во моментов ја водиме е за да финализираме некои двегодишни активности на Владата како наши сериозни успеси и да ги доближиме до граѓаните да ја отвориме дебатата на секако озарени на периодот кои што доаѓа пред нас и да научиме нешто од граѓаните, да ги видиме слабостите, предностите, задоволство, незадоволство – изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на фабриката „Маркарт“ во с.Каласлари, во близина на Велес.