ЗАЕВ: ПО СЛАВНОТО ИНТЕРВЈУ ВО ВЕСТИТЕ НА СИТЕЛ, ОТКАКО СТАНАВ ПРЕМИЕР, ЛАТАС ДОЈДЕ ДА МЕ МОЛИ ДА МУ ПОМОГНАМ ЗА ЛЕЧЕЊЕТО НА НЕГОВИОТ СИН, МУ ПОМОГНАВ, СЕГА ЛАЖЕ ДЕКА СУМ САКАЛ ДА ГО УНИШТАМ

0
1119

Запрашан од јутуберот Стефан Лазаров дали се кае за интервјуто со Заев во вестите на Сител во 2016-та година, Латас изјави дека не се кае и дека е горд што тоа е најгледано интервју на интернет со преку 2 милиони прегледи, изјави и дека Заев по интервјуто се обидел да го уништи и него и целото негово семејство за да му се одмазди, кажа и дека паднал во депресија поради прогонот на СЈО и дека дури разимслувал и да се самоубие. На сето ова во изјава за Мактел реагира екс премиерот Зоран Заев:

– Многу лош и злобен човек, му помогнав и нему и на неговиот син кој требаше да се лечи во Германија, дојде да ме моли и да плаче во кабинет кога станав премиер, јас простувам и не сум злопамтило особено помагам на оние кои се во невоља без разлика што направиле против мене и моето семејство… Нека му служи на чест што ниту е благодарен па дури и ја манипулира и лаже јавноста дека сум сакал да му наштетам и да му се одмаздам – изјави Заев за Мактел.мк