ЗАЕВ : ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ Е ЕДНА ОД ПРВИТЕ ОПШТИНИ КОЈА ЗАПОЧНУВА ИНФРАСТРУКТУРЕН РАЗВОЈ СО ДОБИЕН ПРОЕКТ ОД ТАВ ПРОГРАМАТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 72,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

0
176

Општина Шуто Оризари е една од првите општини која започнува со реализација на инфраструктурен проект за кој доби грант од ТАВ програмата. Станува збор за изградба на атмосферска канализација на неколку улици, во вредност од 72,6 милиони денари.

Продолжуваме да поддржуваме трајни проекти бидејќи изградбата на локалната патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, се за подобар животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.