Заев од Струга: Дајте ни шанса да држиме економски лекции во регионот, нашиот концепт ја гарантира сигурноста на државата и иднината!

0
117
Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓанската трибина во Струга  во организација на победничкиот караван на СДСМ и коалицијата „Можеме“.
„Многу работи вечерва не поврзуваат. Широчината на Охридското езеро ја симболизира нашата широкогледост да ги решаваме проблемите и да ги отвориме перспективите. Мостовите на Дрим се како мостовите на пријателство и соработка што ги  изградивме со нашите соседи. Јагулата е вечниот симбол на слободата, а тоа е најголемата придобивка за нашата земја изминативе 2ипол години“, заклучи претседателот Заев.
На граѓанската трибина се зборуваше за новата четиригодишна понуда на СДСМ и коалицијата „Можеме“ со посебен акцент во земјоделството со којашто се планираат 200 милиони евра поддршка за развој на земјоделството и руралниот развој.
„Важно е да ги оформиме институциите. Фактите говорат дека кризата ќе продолжи, а тоа значи дека на државата и на граѓаните им се потребни функционални институции. Функционални институции предводени од СДСМ и коалицијата „Можеме“ се гарант за сигурноста на државата и иднината и затоа граѓаните ќе го дадат својот глас за бројот 3“, рече претседателот Заев и побара од стружани уште еден четиригодишен мандат за да продолжи унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните.
„Дајте ни шанса да држиме економски лекции не на ВМРО-ДПМНЕ, туку на целиот регион. Оваа наша убава земја, има квалитетна почва, стратешка географска положба, работлив народ, млади образовани луѓе, со сиот овој потенцијал ние може еден ден да создадеме европски стандард на живеење“, додаде заклучи Заев.