Заев од Куманово: Минималната плата од 1 јули ќе биде 13.000 денари, се засилува спиралата на пораст на плати!

0
863

„12 земји го ратификуваа протоколот. На крајот на годината на декемврискиот sамит ќе го добиеме полноправното членство во НАТО. Бројките веќе кажуваат.

БДП е сега 3.7% индустриското производство за првиот квартал е 8.8%, извозот и увозот од ТИРЗ е поголем од 27.5%.

Минималната плата од 1 јули ќе биде 13.000 денари за да се забрза порастот на платите.

Водиме политики со кои ќе ја зголемуваме просечната плата. Железни опинци ќе облечам просечна плата од 500 евра ќе има. Исплативме 100 милиони евра субвенции кај вистинските земјоделци“, најави Заев од Куманово.